О Б Ј А В А

 

Здружението на социолози на Република Македонија во соработка со фондацијата Конрад Аденауер, канцеларија во Скопје, ќе го реализира проектот: „Надградба на граѓанските, социо-политичките и демократските капацитети на средношколските наставници по Социологија и Граѓанско образование, и нивните ученици во Република Македонија“.

Идејата за одржување семинари, и воопшто самиот проект, произлегува од потребата да се надградат постојните научни и професионални квалитети на наставниците кои ги предаваат овие два предмети во средните училишта, како и практичен приказ на учениците при користење на социолошкиот метод.

Семинарите за наставниците по Социологија и Граѓанско образование (Дипломирани Социолози) и нивните ученици од средните училишта во Република Македонија се два засебни еднодневни настани.

Првиот настан е само за наставници кои се дипломирани Социолози и ќе се одржи во сабота на 04.11.2017 година, а ќе опфати научна надградба за наставниците по Социологија и Граѓанско образование на теми кои се од суштинско значење за иден правилен развој на македонското општество. Вториот семинар ќе биде наменет, пред се, за учениците кои посетуваат настава по Социологија и Граѓанско образование во средно училиште и ќе се одржи во сабота на 18.11.2017 година. Истиот секундарно ќе вклучи креативни активности од доменот на социолошките истражувања.

Семинарот ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје, а програмата на семинарите е во Прилог 1.

Пријавувањето на учесниците за семинарот за наставници е до 30.10.2017 (18:00 ч.), додека пријавувањето за учество на семинарот за ученици и наставници се врши до 10.11.2017 година (18:00 ч.).

 

Организациски одбор:

Борис Стипцаров, Координатор на проектот

Константин Миноски, Претседател на Здружението на социолози на Република Македонија

Гордана Трајкова, член на организациски одбор

http://www.sociolozi.org.mk/wp-content/uploads/2017/08/46076961-close-up-of-credit-cards-over-grey-background.jpghttp://www.sociolozi.org.mk/wp-content/uploads/2017/08/46076961-close-up-of-credit-cards-over-grey-background-150x150.jpgBoris StipcarovСеминарО Б Ј А В А   Здружението на социолози на Република Македонија во соработка со фондацијата Конрад Аденауер, канцеларија во Скопје, ќе го реализира проектот: „Надградба на граѓанските, социо-политичките и демократските капацитети на средношколските наставници по Социологија и Граѓанско образование, и нивните ученици во Република Македонија“. Идејата за одржување семинари,...ЗСРМ