Промоција на книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
ПРИЛОЗИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА СОЦИОЛОШКАТА МЕТОДОЛОГИЈА
ОД ПРОФ.Д-Р ПЕТРЕ Т. ГЕОРГИЕВСКИ
„Матица македонска“ од Скопје, среда, 15 септември ќе ја промовира книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од проф.д-р Петре Т.Георгиевски.Во своето најново дело,познатиот универзитетски професор и научник ги проучува методите на истражување на класичните социолози и на нивните влијателни следбеници.
Во препораката на изданието, проф. д-р Марија Богдановиќ, еден од тројцата рецензенти, констатира дека студијата е од исклучително значење во областа на социологијата и другите дисциплини кои се занимаваат со проучување на општествените појави…Георгиевски прави избор на оние автори кои со својата оригиналност во проучувањето на општествените појави ги поставија теориско-методолошките основи за развој на општествено ангажирана наука која се стреми кон вистинско сознание за човекот,општеството и неговата историја.
Промотори на најновото дело на Петре.Т.Георгиевски ќе бидат универзитетеските професори д-р Златко Жоглев и д-р Ило Трајковски, а промовцијата ќе се одржи во паркот на Матица ексклузив во Скопје, во 12 часот.
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.