Фондацијата Конрад Аденауер,  во рамките на својата стипендиска програма, доделува стипендии на талентирани студенти кои се запишани на соодветна студиска програма на еден од универзитетите во Македонија (додипломски, постдипломски или докторски студи). Од кандидатите се очекува да покажат интерес и ангажман во политичкиот и/или општествен живот, како и посветеност кон демохристијанските вредности. Програмата има за цел да идентификува и поддржи млади, талентирани луѓе, кои понатаму успешно ќе бидат вклучени во сите сфери на општеството: политиката, бизнисот, науката, медиумите, културата и граѓанските организации.

Апликантите треба да ги исполнат следните критериуми:

•Да бидат прифатени на соодветна студиска програма на еден од акредитираните универзитети во Република Македонија (додипломски, постдипломски или докторски студи);

•Да покажат солидни резултати за време на студиите;

•Да имаат познавање од минимум еден странски јазик;

•Да бидат активни во општествениот и политички живот на земјата;

•Да покажат одлучност позитивно да влијаат врз политичкот, економскиот, образовниот или општествениот развој на Република Македонија;

•Да покажат потенцијал за достигнување на највисоката позиција во својата кариера.

Потребни документи за апликација:

•Формулар за апликација (објавен на веб-страната на Фондацијата) (>>>ИЛИ ТУКА<<<);

•Кратка биографија на англиски или германски јазик;

•Мотивациско писмо на англиски или германски јазик;

•Две препораки, од кои најмалку едната да биде од професор на универзитетот кој кандидатот го посетувал;

•Уверение/потврда за завршени додипломски студии (доколку кандидатот поседува);

•Потврда од факултет дека кандидатот е запишан на соодветните студии (потврдата може да биде доставена дополнително, по истекот на рокот за аплицирање).

Само селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју во Фондацијата Конрад Аденауер. Формуларите за апликација, како и дополнителни информации во врска со стипендирањето се достапни на линкот кој се наоѓа во десниот агол на овој прозорец.

Апликациите може да бидат доставени по пошта, електронски или лично на следната адреса:

Фондација Конрад Аденауер

Ристо Равановски 8

MK-1000 Скопје

Email: skopje@kas.de

Рок за доставување на апликации е 1 март 2019 год.

Ве молиме имајте во предвид дека апликациите пристигнати по наведениот рок нема да бидат земени во предвид.

Boris StipcarovНовостиСтипендииФондацијата Конрад Аденауер,  во рамките на својата стипендиска програма, доделува стипендии на талентирани студенти кои се запишани на соодветна студиска програма на еден од универзитетите во Македонија (додипломски, постдипломски или докторски студи). Од кандидатите се очекува да покажат интерес и ангажман во политичкиот и/или општествен живот, како и посветеност...ЗСРМ