Здружението на социолозите на Република Македонија е здружение на граѓани, национална асоцијација, во која членуваат социолози и други полнолетни граѓани на Република Македонија, кои ја развиваат научно-стручната и професионалната дејност од областа на социологијата, како и унапредување и афирмација на социологија во образовниот процес.

Здружението е неполитичка, непрофитна, невладина и независна организација посветена на унапредување и развој на социолошката научно-стручната и професионалната дејност и помасовно вклучување на социолозите во целокупниот општествен систем на РМ.
Преку Здружението членовите ги остваруваат своите стручни, професионални и правни интереси и остваруваат соодветна комуникација и соработка со научно-стручната и пошироката јавност во земјата и странство.
Основните цели кои ги остварува Здружението се следните:

  • ја развива научно-стручната и професионалната дејност во областа на социолошките науки;
  • се грижи за остварувањето на стручните и професионлните права и интереси на своите членови;
  • се грижи за стручно-научната заснованост на наставата по социологија во средното, вишото и високото образование во РМ;
  • го поттикнува развојот на социолошката мисла и социолошките истражувања;
  • организира научно-стручни публикации и списанија од областа на социологијата;
  • ја популаризира социологијата како наука;• ја претставува социолошката наука во земјата и во странство;
  • се поврзува и соработува со сродни здруженија и организации од републиката и странство;
  • со својата дејност придонесува за целокупниот развој на РМ.

Здружението ги остварува своите цели и задачи преку:

  • Донесување заклучоци по одредени прашања од интерес на членството, а во врска со остварување на целите и задачите на здружението;
  • Остварување соработка со сродни организации и здруженија од земјата и странство по пат на организирање на средби за размена на мислења и идеи;
  • Организирање семинари, тркалезни маси, трибини и сл. за членовите на Здружението на теми во врска со остварување на целите и задачите на Здружението.