Почитувани колешки,
почитуваи колеги,

Чест ми е, лично и во името членовите на Институтот за социологија, да ве поканам на свеченото отворање на меѓународната научна конференција која ја организираме по повод 50 годишнината од почетокот на работата на Институтот.
Нашите досегашни постигања како Институт, на еден или друг начин, се резултат и на соработката со сите институти на Филозофскиот факултет. Наши колеги учествувале и учествуваат во реализацијата на студиските програми на многу институти и обратно ваши членови придонесуваа и придонесуваат за реализација на нашите студиски програми.
Во името на досегашната соработка и со желба за понатамошно подлабочување на истата, ве покануваме со вашето присуство да ја увеличите прославата на јублејот.
Свеченото отворање е предвидено за 10.09.2025 во 9.30 часот во просториите на Ректоратот на УКИМ
Во прилог програмата за настанот

Со почит
Проф. Ило Трајковски
Раководител на Институтот за социологија

Boris StipcarovКонференцииНовостиAGENDA in English -> here <- Почитувани колешки,почитуваи колеги, Чест ми е, лично и во името членовите на Институтот за социологија, да ве поканам на свеченото отворање на меѓународната научна конференција која ја организираме по повод 50 годишнината од почетокот на работата на Институтот.Нашите досегашни постигања како Институт, на еден или...ЗСРМ