ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ
Здружение на социолози на РМ има потреба од студенти по социологија, па и дипломирани социолози, кои ќе може волонтерски да помогнат на некоја од активните проектни активности на здружението. Помошта ни е потребна за:
Активност 1) Познавање на работа со Microsoft Excell и обработка на прашалници. Ова не е тешка активност туку пополнетите прашалници треба да се кодираат и нивните одговори да се внесат во матрицата, која пак ќе послужи при анализа на задоволство од одредена реализирана активност.
Активност 2) Лице кое има голема желба да комуницира и да организира настани, како на пример натпреварите по Социологија и Граѓанско образование за 2018. Треба да се среди базата на наставници по социологија и граѓанско образование и средните училишта и истите да се исконтактираат и искоордининраат за престојните натпревари во организација на ЗСРМ.
Активност 3) Средување на базата на дигитализирана социолошка литература. Скенирани се делата само треба да се направи листа на сите дела, како и насловите на текстовите во зборниците.
Ве молиме вашите податоци, коментари и предлози испратете ги на следниот e-mail: extra@sociolozi.org.mk.
Искрено Ви благодариме на интересот
ЗСРМ
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.